СЈО го гони, државата уште една година ќе му дава плата на ексдиректорот на ЕЛЕМ

Од:

Дејан Бошковски, ексдиректорот на ЕЛЕМ кој со уште две лица е обвинет во случајот „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство за кој се води и судски процес, во кој е обвинет за незаконска набавка на софтвeрски системи вреден четири милиони евра уште една година ќе добива плата од државата. Одлуката помина денеска на Комисијата за избори и именувањата.

Апанажа во траење од една година ќе добијат и експретседателот на ДИК, Александар Чичаковски, членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ. Другите тројца членови – Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов иСашо Срцев кои поднесоа оставка не побарале апанажа, бидејќи се враќаат на претходните работни места. Поранешната пратеничка Роза Топузовска – Каревска ќе добие отпремнина од Собранието заради заминување во пензија.

Комисијата му ја прекина апанажата на Павле Трајанов поради назначување на друга функциј, на Тања Таневска поранешен државен ревизор и Власта Димковиќ, доскорешен заменик-министер за земјоделство.

В. М.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов