(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Од:

Лазар Јанев, адвокат и син на ексспецијалната обвинителка Катица Јанева, која е осудена за „Рекет“, за првпат за „А1он“ раскажа што се случувало откако била избрана за шефица на СЈО и по судскиот процес „Рекет“ каде што осудена е неговата мајка. Во интервјуто, за Јанева вели: „Има што да каже, премногу собира за овој период, сметам дека има толку многу информации што едноставно може да експлодира од нив. Ми има кажано само дел. Има време, млада е уште, и да остане пресудата како што е, ќе дојде ден кога таа ќе каже што ѝ лежи на срце“.

dobivaj vesti na viber

Тој ги сподели и очекувањата за пресудата на Врховниот суд кој месецов, а најдоцна идниот ќе ја донесе конечната одлука за „Рекет“, со што може да ја ослободи Јанева и предметот одново да се суди.

Јанев раскажа за претресите во нивниот дом, следењето на нивните телефони, одземањето на уредите, обвинувањата за бришењето податоци од телефоните на Јанева, а одговори и на прашања поврзани со работата на Катица Јанева во сега згаснатото Специјално јавно обвинителство.

„Многу работи сега стануваат јасни“, објаснува Јанев за неговата мајка.

За „А1он“, Лазар Јанев откри и која била причината за претресот во нивниот дом.

„Кај нас не дојдоа да ја бараат гарнитурата ниту, пак, милиони, туку друго. Кај нас се бараа прислушкувани разговори. Првата наредба за претрес јас ја прочитав и пишуваше УСБ стиокови, хард дискови. Имаше мала фонтана во дворот каде живееше мајка ми и во фонтаната се бараше. Се бараа и во пералната, секаде се бараа. Истата работа се случи и по 40 дена. Дојдоа, бараа прислушкувани разговори и еден од истражителите пред мене се јави и претпоставувам дека разговараше со Вилма Русковска кога кажа ‘Јас најдовме тука е’, мислеше на гарнитурата која беше ишарана од нашата внука. Ние ни на крај памет не помислвме на таква работа“, објасни адвокатот Јанев, кој откри детали од претресот и што се барало во нивниот дом.

Има замерки за постапките на неговата мајка Катица,при работењето во СЈО, но и приватно.

„Требаше да го спроведе македонскиот метод“, кажа Јанев објаснувајќи што требало Јанева да направи откако беше избрана за шефица на СЈО.

Тврди дека Јанева не го уништила СЈО и дека тоа можело да постои, а аргументираше и зошто го има тој став. Посочи и дали Јанева се двоумела што да прави со предметите од СЈО кои преминаа во Републичкото обвинителство и додаде: „Имаше притисоци од сите“.

За предметот „Империја“ поради кој Катица Јанева е осудена, посочи: „Не знам дали Катица Јанева ги повредила одредбите за спогодувањето или друг обвинител, надлежен во тој случај. За тоа ќе видиме“.

За случајот „Рекет“, адвокатот Лазар Јанев ги спори снимките, односно фактот што не се знае кога се направени и на каков начин. Според него, има низа недоречености и повреди поради кои пресудата не може и не треба да опстои.

„Ниските удари нанесоа многу повеќе штета отколку целата постапка“, посочи Лазар Јанев по што објасни зошто смета дека има злоба кај обвинителката Вилма Русковска, која ја гонеше Катица Јанева.

Тој зборуваше и за моментите кога починала мајката на Катица Јанева, а ексспецијалната обвинителка однесена во притвор. Тврди дека Русковска знаела за ова бидејќи Јанева била следена, но и покрај тоа, се одлучила да ја апси.

За вработувањето во 1ТВ и придобивките на медиумот од неговото ангажирање, работните обврски, како ја добил работната позиција, но и дали е злоупотребен Лазар Јанев раскажуваше во студиото на „А1он“.

Во случајот „Рекет“ беше запленета и чанта „Луј Витон“, со иницијалите на Катица, за која Јанев откри од кого е купена.

Лазар Јанев за „А1он“ одговори и на прашањето кој ја доведе Катица Јанева до затвор, но и на што ѝ замерува.

Прашан дали ако не беше дружбата со Бојан 13, ќе се случеше предметот „Рекет“, тој вели: „Јас сум сигурен дека немаше да се случи ‘Рекет’, а не сум сигурен дали ќе продолжеше да постои СЈО“

Јанев говореше и за најтешките моменти, затворските денови и тајните на Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов

Јанева: Не знам кога ме снимал Боки, јас снимката ја видов во Обвинителството

Ландов

Катица Јанева: Трпев многу влијанија од политичките партии за разни одлуки, ме сметаа за провинцијалка која не знае право

Кристијан Ландов

„Жената лута“ рече Камчев за Катица Јанева која го праша: Точно ли е дека „Стопанска банка Битола“ е пералница на пари?

Кристијан Ландов

Катица Јанева дофрла за Камчев додека дава исказ: Човекот халуцинира, поарно да чита

Кристијан Ландов