Здружението за развој на дарбите на лицата со посебни потреби „Таленти“ од денеска до 12 октомври во одморалиштето „Ѕиден мост“ во Богомила организира едукативен семинар насловен „Инклузија помеѓу лицата со и без хендикеп“.
– Семинарот е од меѓународен карактер и има рамноправна застапеност од по седум лица од целната група и седум учесници без хендикеп. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат едни со други и заедно да ги решаваат дадените задачи од страна на тренерите. Лицата без хендикеп ќе имаат можност да се запознаат со лицата со хендикеп, соопшти организаторот.
Целта е да се покаже дека и лицата со хендикеп подеднакво можат да придонесуваат во општеството како и останатите граѓани и да се подигне свеста за неопходноста од нивна интеграција и вклученост.