Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Внимателно ја следам дискусијата и изјавите во јавноста поврзани со новата германска инвестиција во Македонија. Две работи за денес: прво, инвестицијата не е ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ туку на сите граѓани на Македонија, реагира Јован Деспотовски, до неодамна директорот на ТИРЗ и кандидат за претседател на СДСМ на последните внатрепартиски избори.

Второ, во однос на соопштението кое е напишано од моменталната раководна структура на СДСМ.

Не може да се бориме со “присвојување“ на вистината со тоа што ќе креираме „своја вистина“ за работи за кои целокупната јавност беше сведок пред само една година.

Водечка улога во носењето и реализацијата на оваа инвестиција има тимот на ТИРЗ кои работеа посветено и професионално, и затоа оваа нова инвестиција е инвестиција за сите граѓани на Македонија, а не на политички партии, реагира Деспотовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси