СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

Од:

Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, обвини денеска Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на прес-конференција на партијата.

Од СДСМ посочија дека Мицкоски пред доаѓањето на власт ветувал враќање на името, промена на преговарачката рамка и укинување на Преспанскиот договор, но, како што велат, ништо од тоа не реализирал.

„Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши“, рече Цветановски.

Таа додаде дека Мицкоски ветувал подобар животен стандард, повисоки плати и подобар живот за граѓаните, но според СДСМ, реалноста е поинаква.

„После две години влада на Мицкоски граѓаните живеат полошо, едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа и секојдневна борба да се преживее од први до први“, изјави Цветановски.

Според СДСМ, сиромаштијата достигнала 21,9 проценти уште во првата година од владеењето на Мицкоски, додека синдикалната кошничка пораснала на речиси 69.000 денари, а минималната плата останала 26.000 денари.

Од партијата обвинија дека економијата е „пред крах“, а странските инвестиции се намалени за 61 процент, односно за 729 милиони евра во 2025 година.

„Вети нови работни места, а само за една година бројот на вработени во индустријата е намален за 2,8 проценти“, посочи Цветановски.

СДСМ обвини и за зголемување на јавниот долг.

„За само две години Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра и денеска долгот е историски најголеми 11 милијарди евра“, велат од партијата.

Според СДСМ, нема пари за повисоки плати, пензии, минимална плата од 600 евра, земјоделците и субвенциите, ниту мерки за заштита на животниот стандард.

„Мицкоски ги излажа и ги изневери граѓаните“, порача Цветановски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски