(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

Од:

„Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј – основачите на првото словенско писмо. Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Ние, и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и негуваме наследството кое Светите Кирил и Методиј ни го оставија. И горди сме што покажавме дека се грижиме за нашето културно наследство, за нашиот македонски јазик и за иднината на државата“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели „во периодот на владите на СДСМ беа донесени храбри и државнички одлуки, благодарение на кои денес македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите Нации и во Европската Унија. Со договорот со Фронтекс, македонскиот јазик е официјално признаен од Европската Унија, потпишан чисто на македонски јазик, без фусноти, без додавки, од сите земји членки на Унијата. Тие што не обвинуваа дека сме предавници денеска признаваат дека свесно го лажеле народот, дека со Преспанскиот договор се заштитени македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската култура. Признаваат и дека членството во НАТО е добро за државата и за безбедноста на граѓаните“.

„Тоа се факти кои никој повеќе не може да ги негира. За жал загубивме години кои не смееме повеќе да ги губиме. Патриотизам не е создавање поделби меѓу граѓаните, изолацијата не носи добро на ниту еден народ. Вистински патриотизам е да ја обезбедиш иднината на државата, да го заштитиш идентитетот и да обезбедиш рамноправно место за Македонија меѓу европските народи. Интеграцијата во ЕУ, во големото европско семејство на рамноправни народи е најголемиот чин на патриотизам и најсилната гаранција за иднината на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската држава“ рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?