ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Од:

Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет. Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои отворено го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, историја и култура. Виктор Стојанов е човек кој јавно промовира тези дека Македонците и Бугарите се еден народ, директно навредувајќи го достоинството на македонскиот народ и удирајќи по темелите на македонската државност. Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија и единствен кој бара внесување на бугарите во Уставот без гаранции дека тоа е послндниот чекор за влез во ЕУ.

Единствено Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев и покрај тоа што Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија. Ваквите политики на сервилност и потчинување на Филипче и СДС се штетни за државата, граѓаните нема да дозволат политики на понижување, самонегирање и национално распродавање. Државните и национални политики мора да бидат над политичките калкулации на СДС, на Филипче и нивното криминално наследство, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Горан Наумовски