Родителите повторно се откажале од малата Надица

Од:

Малата Надица, која имаше две тешки операции на срцето родителите вторпат ја предаваат на државата, јави телевизијата Сител.

Надица лани предизвика лавина сочувство во јавноста, откако беше објавено дека родителите се откажале од неа. Неодамнешното откажување од бебето е второ за неполна година за младите родители.

Телевизијата повикувајќи се на извори во центарот за социјални работи во Кавадарци соопшти дека пред неколку дена по разговорот со стручните служби биолошките родители одлучиле детето да го остават на државата.

Во меѓувреме според неофицијални информации била започната постапка сега веќе 7 месечното дете да биде запишано во регистарот за посвојување со цел да добие ново семејство.

Во меѓувреме Надица е сместена во домот за доенчиња во Битола. По двете тешки операции на срцето сега нејзината здравствена состојба е стабилна. За посвојување на Надица сериозно се заинтересира и македонско семејство кое живее и работи во Канада.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска