Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

Од:

Не се одржа денешното рочиште против охриѓанецот Илија Спасески, кој е обвинет за тепање на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“, Христијан Пендиков, кој по тепањето отиде во Бугарија и доби бугарско државјанство. Одложувањето доаѓа поради штрајкот на судската администрација, која бара повисоки плати. Адвокатот на обвинетиот Спасески, Димитрија Цобоски пак, вели дека дава поддршка на протестот и затоа немало да влезе во судот.

„Не влегувам и стојам овде пред судот како поддршка на вработените од судската администрација. Одлагањето на расправата е последица на нивното незадоволство“, изјави Цобоски.

Адвокатот Стефан Камишевски пак, кој е бранител на Пендиков кажа дека неговиот клиент ќе оди на секое рочиште.

„Не се заздравени повредите коишто ги имаше на пршлените на грбот и на вратот, но за разлика од тоа што беше по тепачката, Пендиков се чуствува одлично. Запишан е на факултет и се очекува да ги почне студиите на Факултетот за меѓународни односи и политика“, изјави адвокатот Камишевски.

На 26 октомври, за кога е закажано и следното рочиште, на обвинителна клупа ќе седне и битолчанецот Борче Ангелев, како обвинет за кривичното дело „нанесување на тешки телесни повреди“.

За одложувањето на судењето пак, алармираше и коалицијата „Сите за правично судење“.

„На 21.09.2023 година беше закажано рочиште по следниот предмет: „Пендиков“ кое рочиште беше одложено поради протест на судската администрација“, соопштија од коалицијата.

Судскиот процес досега се одложи два пати досега, еднаш поради здравствени причини на обвинетиот Спасески и уште еднаш затоа што неговите адвокати го напуштија рочиштето.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он