Утре почнува судењето на родителите на Коста кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“

Од:

Во Вишиот суд во Белград утре почнува судењето на родителите на Коста Кецмановиќ, кој во мај минатата година уби девет ученици и еден член на обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Судењето кое српските медиуми го нарекуваат „судење на векот“ треба да почне во 11 часот, а на него треба да се појави таткото Владимир, кој е во притвор но и мајката Миљана, која се брани на слобода, но има забрана за напуштање на државата. На утрешното рочиште ќе се чита обвинението, а ќе биде сослушан и самиот Коста.

Освен родителите, обвинети се и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб „Партизан“, каде Коста пукал во подвижни цели.

Таткото Владимир е обвинет за тешки дела против општата безбедност зошто го обучувал својот син да ракува со огнено оружје и го носел на стрелиште, како и дека не ги обезбедил соодветно своите два пиштоли со кои Коста го извршил злосторството.

Мајката Миљана пак, чија ДНК беше пронајдена на чаура е обвинета за недозволено изработување, носење, држење и тргување со оружје и експлозивни материјали.

Би можело да ве интересира

Притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“ чии имиња не смеело да се споменат досега

Катерина Ѓуровски

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за фирма од Македонија

Катерина Ѓуровски

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше

Предраг Петровиќ

Запленет автомобилот на мајката на момчето убиец од „Рибникар“.

Почнува пробното производство на српската „панда“