Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

Од:

Со читање на обвинението, денеска во Судот во Босна и Херцеговина се одржа рочиште на судењето на претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Пред да биде прочитано обвинението, одбраната на Милорад Додик побара изземање на судијката Сена Узуновиќ со обвинување за пристрасност.

Според медиумите присутни на судењето, Узуновиќ објаснила дека предлогот за нејзиното изземање ќе биде упатен до претседателката на Судот во БиХ, па ќе се одлучува по тоа прашање. Според неа, главниот претрес се одложувал четири пати, со што, како што оценува, дошло до повреда на правото на одбрана, затоа што на обвинетиот не му биле прочитани причините за обвинение, па побарала истото да биде прочитано.

Обвинителката Гордана Босиљчиќ од обвинението го прочита само делот кој се однесува на Милорад Додик, но не и на второобвинетиот Милош Лукиќ, чиј предмет претходно беше раздвоен од оној на Додик.

Поради довикување од страна на јавноста на судењето, судијката наредила да се испразни судницата и да се постави завеса која ја одвојува судницата од публиката, а тие ја напуштиле судницата со негодување и извици.

Со дел од јавноста присутна на судењето, меѓу кои и српскиот член на претседателството на БиХ, Жељко Цвијановиќ и премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, од судницата излегол и адвокатот Бубиќ, кој вели дека го напуштиле судењето затоа што судијата Мирсад Стрика го напуштил овој предмет, а одбраната за тоа не била известена.

„Никаде не се слушнало, нов судија во тек на рочиште да му наложи на обвинителството да го прочита обвинението. Се сомневаме и во пристрасноста на новата судијка, затоа што таа порано има вршено политичка функција, односно помошник во Министерството за финансии“, вели Бубиќ, кој по изјавата се вратил на рочиштето.

Додик пак, на главниот претрес повтори дека се работи за политички процес против него и дека судијката Узуновиќ не ги почитува процедурите.

„Невозможно е овој Суд да нема никој друг освен Бошњаци да судат во овој предмет. Вие влеговте овде, а јас не знам ни која сте, ова ми делува како обработка“, истакна Додик во судницата.

На прашање на судијката дали го разбрал обвинението, Додик вели дека ништо од кажаното не разбира.

„Се работи за факти кои немаат врска со мене. Ова е една измислица на обвинителството за политички притисок“, вели Додик, обвинет за неизвршување на одлука од висок претставник во БиХ.

Наредното рочиште е закажано за 6 март.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски