Ристовски задоволен од напредокот во социјалата нотиран во Извештајот на ЕК

Од:

Министерот за труд и  и социјална политика e   задоволен  од нотираниот напредок на ЕК во сите области што неговото министерство ги покрива.

„ Во Извештајот на ЕУ во Поглавје 19: Социјална политика и вработување, се вели дека  е направен напредок во областа на социјалната вклученост, Националната стратегија за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост за 2010–2020 е усогласена со приоритетите на ЕУ 2020 и оти е обезбедена финансиска поддршка за одделни општини за тие да ги спроведат нивните локални акциони планови за социјална вклученост, рече Спиро Ристовски.

Во звештајот, посочи,  нотирано е воспоставувањето  национално тело за следење и евалуација на имплементацијата на Националната стратегија за стари лица за 2010–2020, дека Македонија претседаваше со Декадата на Ромите , како и преземените мерки и активности за решавање на проблемите на лицата без документи, пристапот до домување и образование.

Во однос на лицата со попреченост, нотирана е ратификакацијата на Конвенцијата на ЕУ и на ОН за правата на лицата со попреченост и Оперативниот протокол на Конвенцијата, како и процесот на деинституционализација на овие лица и постоењето на 15-те станбени единици во кои досега се згрижени лица во Демир Капија.

„На полето на социјалната заштита забележан е напредок со измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита, со кои дополнително се регулираат инспекциските надзори во системот за социјална заштита, како и воспоставениот систем за континуирана едукација на стручните лица во институциите за социјална заштита имплементуирана преку процесот на лиценцирање на стручните работници“, рече Ристовски.

Извештајот забележува напредок и во областа на антидискриминација, каде се усвоени Националната стратегија за еднаквост и недискриминација и Стратешкиот акционен план за 2011–2015, во кои се предлагаат мерки за подобрување на правната норма, за подигнување на свеста, за градење на капацитетите и за меѓуинституционална соработка.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска