А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ристовски: За полесно вработување младите треба да имаат желба, амбиција и иницијатива

by А1он20/05/2013 - 14:05151
Share0

Неврботеноста на младите како проблем на земјите во Европа и активностите кои треба да се преземат за нејзино намалување се дел од темите на кои се разговара на денешната јавна дебата „Да се штеди или не: дали програмите за штедење се доволни за спас на Европа?“ што се одржува во организација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Австрискиот економски центар од Виена, во рамки на проектот „2013 Free Market Road Show“.

Добивај вести на вибер

– Невработеноста како проблем кај младите генерално е проблем не само во Македонија, туку и во Европската унија. Не ја прифаќам констатацијата дека во Македонија тешко може да се најде работно место, туку е проблем да се ангажираат дел од луѓето да прифатат да бидат работно ангажирани. Факт е дека голем број граѓани одбиваат и пребираат работни места. Јас не велам дека секој треба да прифати да биде работно ангажиран на несоодветни работни места, но очекувам многу поголема активација пред се кај младите во борбата за добивање на што подобро и поквалитетно работно место, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој имаше обраќање на панел дискусијата посветена на начините како да се намали младинската невработеност.

Од друга страна, додаде дека државата и натаму мора да вложува напори да создаде услови да се креираат многу повеќе работни места.

– Треба да има заеднички пристап во решавањето на проблемот. Државата и приватниот сектор треба да нуда соодветни работни места, а младите да пројавуваат поголема активност, рече Ристовски.
Тој потенцира дека Владата вложува големи напори во насока на создавање на услови за креирање на повеќе работни места во Република Македонија. – Владата го има детектирано овој проблем и токму поради тоа во Националната стратегија за вработеување на Република Македонија 2015 година, една од приоритетните цели е намалување на стапката на невработеност кај младата популација, изјави Ристовски.

Додаде дека во државата се спроведуваат различни активности кои имаат за цел спречување на негативниот тренд во однос на вработувањето на младите лица.

– Првиот Акциски план за вработување на младите во Македонија треба да ја подобри ефикасноста на институциите на пазарот на трудот, да ги подобри можностите за вработување на младите, да ја поттикне вработеноста на младите преку развој на приватниот сектор, како и да обезбеди инклузија на младите на пазарот на трудот. Имплементацијата на овој Акциски план е во тек и засега ги дава очекуваните резултати, рече Ристовски.

Тој информира и дека денеска се објавува вториот јавен оглас за Програмата за самовработување со која ќе бидат опфатени 400 евидентирани невработени лица кои имаат желба да започнат сопствен бизнис. Во рамките на оваа Програма се предвидува поддршка од околу 3.300 евра за секое лице за реализација на нивната бизнис идеја. За оваа намена извоени се вкупно 1,32 милиони евра.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски се согласува со ставот оти на голем дел од невработените, меѓу кои и младите им недостига амбиција и самоиницијативност.

– Многу млади луѓе се многу крути во своето барање. Бараат место во својот образовен профил иако за тоа немаат соодветно работно искуство кое би го покажале кај работодавачите, рече Поповски.

Според податоците на АВРМ околу 16 проценти од вкупниот број невработени се со високо образование. – Од нив најголем дел се од општетсвените науки и иако има соодветна побарувачка за вработување бројот на лица кои завршуваат општествени науки е голем и затоа пазарот не може да ги задоволи младите луѓе. Затоа препорачуваме секогаш да не гледаат она што го завршиле, туку да почнеме од таму како има слободни работни места, а потоа да бараат работа согласно своето образование, рече Поповски.

Од вкупниот број невработени околу 22 проценти се со средно образование, од кои 30 проценти се млади лица.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен