А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ристовски во Велес го промовираше Патролно социјалниот тим

by А1он01/04/2013 - 14:10118
Share0

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска присуствуваше на промоција на седиштето на „Патролниот социјален тим“ на Центарот за социјална работа, како дел од проектот „Патролна социјална работа“ во просториите на Општинскиот Црвен крст во близина на Железен мост во Велес.

Добивај вести на вибер

Проектот, кој веќе успешно се реализира во неколку скопски општини, а првпат во внатрешноста во Македонија, е резултат на заедничка, успешна соработка на социјалните работници од Центрите со социјална работа, Црвениот крст и локалната самоуправа.

Министерот Ристовски најави функционирање на вакви тимови и во другите градови во земјава потенцира.

– Велес досега покажа исклучително голема активност на овој план заедно со Црвениот крст. Патролниот социјален тим ќе оди секојдневно на терен и ќе им помага првенствено на бездомните лица на територија на Велес кои засега се евидентирани околу пет-шест. Воедно, така ќе им помага и на децата од улица, ќе дава помош на стари и изнемоштени лица во делот на обезбедување основни прехранбени артикли, обезбедување здраствена помош и снабдување со лекови. Тој ќе обезбедува помош и на сите граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик, потенцира министерот Ристовски.

Трите патролни тимови во Скопје во досегашното работење, според Ристовски, помогнале на повеќе од 700 случаи односно на повеќе од илјада лица во зависност од социјалниот ризик во којшто се нашле, а на некои од нив буквално и им го спасиле и животот посебно во ладните зимски денови и ноќи.

Тој изрази уверување дека и овој патролен социјален тим ќе има исклучително позитивна активност во следниот период.

Поддршка на овој социјален патролен тим најави и присутниот кандидат за градоначалник на Велес, Славчо Чадиев од коалицијата „За подобра Македонија“, а кој согласно својата изборна програма појасни дека локалната власт како и досега ќе им дава секаков вид помош на овие социјално загрозени граѓани.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен