Ристовски: Причина за нападот на Центарот за социјални работи во Охрид не е укината помош

Од:

На лицето што пред два дена го демолираше Центарот за социјални работи во Охрид не му била укината социјалната помош, бидејќи по соспствено барање тој не е корисник од 2011 година. Нему му е понудено да користи народна кујна, но тој тоа не го прифатил. Обезбедено му е и работно место, кое тој самоиницијативно гo напуштил, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Додаде дека заради овие факти не може како причина за нападот на Центарот да се смета изгубена социјална помош.

 – Две години лицето А.В. нема поднесено барање за остварување право на социјална помош. На тоа лице му е понудено односно доделена можност да користи народна кујна и воопшто не аплицирало за социјален стан во процесот кога се аплицираше и покрај тоа што му беше сугерирано да аплицира. Станува збор очигледно за лице кое што има нарушено психосоцијално однесување. Самиот факт што влезе во Центарот и со помош на ладно оружје се закануваше по животот и безбедноста на вработените и нанесе исклучително висока материјална штета во Центарот, покажува дека станува збор за човек кој очигледно има здравствени проблеми, рече министерот Ристовски.

Додаде дека, не само што социјална помош не му била укината, туку му било обезбедено вработување во заштитно друштво, а работното место тој самиот го напуштил.

– Така што во тој дел би сакал да кажам дека државата и Центарот за социјални работи ги имаат направено сите потребни чекори и имаат обезбедено целокупна грижа за соодветното лице, но очигледно станува збор за лице кое што има нарушено психосоцијална и здравствена состојба, рече министерот за труд и социјална политика.

Додаде дека сите надлежни институции ќе продолжат и понатаму да го следат овој случај и ќе ги преземат потрбните мерки.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска