Ристовски: Не им давајте пари на децата кои питачат на улица

Од:

„Не е хумано давање пари на дете што питачи“ е мотото под кое денеска се одбележува Меѓународниот ден на деца од улица. Во трите центри за згижување деца од улица во моментот има 40 штитеници.

– Би сакал да апелирам до граѓаните да престанат да даваат пари на децата на улица затоа што на тој начин дополнително го стимулираат питачењето како процес, порача министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски при денешната посета на Дневниот центар за деца на улица во населбата Автокоманда.

Тој додаде дека доколку тоа дете се врати дома со доволен број обезбедени средства со целодневното питачење постои можност повторно да биде пратено на улица, но доколку децата се вратат без пари би се намалил интересот повторно да бидат пуштени на улица.

Граѓаните можат да пријават питачење на СОС бројот 15 505 од каде што по пријавата со полициски службеници, децата се бидат префрлани во дневниот цетар каде што им се овозможува да добијат хигиенска поддршка, исхрана и образовен процес. Вакви дневни центри покрај Скопје има во Битола и Охрид, а во фаза на отварање е во Прилеп.

Минатата година над 150 деца поминале низ процесот за ресоцијализација во транзитниот центар, од кој 100 деца веќе се запишани во училиште, а дел и во детските градинки преку проектот за инклузија на деца од улица во образовниот систем. Дневниот центар е проект на Mинистерството за труд и социјална политика кој има за цел да згрижува деца од асоцијални семејста, деца кој се жртви и на своите семејства.

По повод Меѓународниот ден Црвениот крст на Македонија редовно донира хигиенски пакети, облека, ќебиња, а годинава заедно со Министерството за труд и социјална политика поромовираа и флаер со цел да ги поттикнат граѓаните да ги пријават децата на улица.

ФОТО: Плусинфо

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска