Ресурсен центар за млади и млади брачни парови во ризик

Од:

Во градинката „25 Мај“, клон „Искра“ во населбата Ченто денеска ќе биде отворен Ресурсниот центар на проектот на СОС Детско село Македонија насловен „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади брачни парови во ризик, преку мерки за генерирање приходи во Гази Баба“.

Овој проект ќе им овозможи на ранливите категории население на општина Гази Баба долгорочно да ја подобрат својата социоекономска состојба и ќе создаде услови за социјално и економски маргинализираните групи да се интегрираат во македонското општество.

Според организаторите, корисниците ќе бидат поддржани во нивните напори да се вработат преку добивање соодветни квалификации и обуки во различни области, вклучително и каде да побараат работа и како да аплицираат за работа, потоа стручни обуки и засновање на мал бизнис. Со зголемените шанси за вработување и самовработување на целната група ќе се овозможи да се подобри нивната економска ситуација и ќе се зголеми семејниот приход. Ова, велат тие, ќе има на долги патеки позитивен ефект и врз другите аспекти на нивниот живот, како што се здравјето, животните услови, исхраната, образованието на нивните деца и инклузија во општеството, а истовремено и ќе ги неутрализира факторите кои поттикнуваат миграција.

Центарот за ран детски развој ќе им овозможи на родителите да заработат за живот и на адекватен начин да го поддржат развојот и образованието на нивните деца, што за возврат ќе ја зголеми способноста на нивните деца да најдат вработување во иднина.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска