Ремeнски поднесе кривична пријава против Спасов

Од:

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против сегашниот заменик – министер Диме Спасов и вработена службеничка на пробна работа во Министерството.

Кривичната пријава е за основани сомневања за злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење за Спасов во времето додека бил министер за труд и социјална политика и за државниот службеник Сузана Анова.

Спасов се товари дека како министер спротивно на член 181 од Законот за социјална заштита доверил овластување на службеник на пробна работа кое нема законско право да одлучува во управна постапка и во име на министерот да ги потпишува сите акти од социјална заштита.

– Поголем број решенија по жалби за укинато право на социјална парична помош и за правото на постојана парична помош се донесени од страна на неовластено лице, а по поголем број на предмети воопшто и не е одлучувано во законски утврдениот рок, се вели во соопштението од ресорното Министерство.

Притоа се наведува дека поради повредите на законските прописи за спроведување на управната постапка, голем број граѓани го изгубиле правото за заведување на управен спор со поднесување на тужба до Управниот суд во рок од 30 дена од прием на решението по жалба.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска