Реакција на МТСП за работното време во градинките

Од:

Министерството за труд и социјална политика ја отфрла информацијата на СОНК дека се воведува принудна управа со декрет, односно дека станува збор за скандалозен документ. Инспекциските служби и понатаму ќе се грижат за спроведување на законитоста во работењето на установите за деца, а се во интерес на згрижување и воспитување на децата во предучилишната возраст, соопшти МТСП реагирајќи на денешната прес-конференција на претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Со цел, како што наведува, точно да информира за што станува збор, МТСП посочува дека по изршените инспекциски надзори од септември до ноември 2016 годиа од инспектори при Секторот за инспекциски надзор на социјалата заштита и заштита на децата, било  костатирано дека во дел од градинките не се почитува работното време согласно со член 67 од Законот за заштита на децата, а во врска со член 116 од Законот за работни односи и член 27 од Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата и во дејноста одмор и рекреација на децата.

Врз основа на најдените неправилости на установите, посочува МТСП, им биле дадени и решеија со рок ведаш да ја отстранат констатираната неправилост. Притоа Министерството напоменува дека дел од градинките го почитувале законски утврденото работно време.

– При испекцискиот надзор во Прилеп, Пробиштип, Кочани, Дебар беше утврдено дека дел од давателите на услуги работат по 6 односно 6,30 часа во денот, по увид во електронската и хартиена евиденција за присуство на работа, а во листите за исплата на плата од страна на одговорното лице на установата тие се евидентирани со 8 часа дневна работа и им е исплатена плата за работа од 40 часа во неделата. За преостанатите часови за кои не биле на работа во установите нема никаква евиденција, пишува во соопштението на МТСП.

Министерството наведува и дека од последниот вонренден инспекциски надзор за работното време во ЈОУГД „Срничка”, Аеродром, на инспекторот за заштита на деца, по претходна поплака од родител, не му било дозволен увид во евидентните книги за присуство на работниците од непознати причини што, посочува МТСП, согласно со Законот за заштита на децата претставува прекршок за кој е предвидена глоба.

За превенирање на несакани последици, инспекторите за заштита на децата при МТСП доставиле известување во кое наведуваат дека согласно со член 229 од Законот за заштита на децата непочитувањето на работното време претставува прекршок за кој се предвидени глоби.

– По доставување на „спорното” известување од страна на СОНК до ЈОУДГ се наиде на позитивна реакција од страна на раководните лица во установите за деца коишто отпочнаа со примена на законски утврденото работно време за што секојдневно доставуваат листи за евиденција на присуство на нивните вработени, соопшти МТСП во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска