Во Скопје денеска ќе биде промовирана публикација со анализа за актуелната состојба со вработливоста и учеството на пазарот на труд на млади на возраст од 18 – 29 години корисници на социјална помош или живеат во семејства приматели на социјална помош.
Публикацијата „Студиска анализа на потреби: социјално вклучување на ранливите групи преку создавање еднакви можности за пристап до пазарот на труд“ ќе ја промовира Коалицијата на младински организации СЕГА.
Документот е дел од проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата – за младите од младите“ од втората грантова шема од компонентата ИПА 4 со специфична намена за социјална инклузија.
Целта на проектот е да се олесни социјалното вклучување на ранливите групи на млади луѓе преку создавање еднакви можности за пристап до пазарот на труд и подобрување на нивната вработливост преку градење на нивните вештини да се вклучат на пазарот на труд и нивна целосна интеграција во општеството.