Протоѓер до Јанакиески на 4 дена пред изборите во 2011: Дај му на Кире податоци за Роми, денеска да завршите работа со исплата

Од:

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО, под кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од 1 јуни 2011 година разговараат ексминистерот Миле Јанакиески со Мартин Протоѓер.

Протоѓер на 4 дена пред парламентарните избори во 2011 година, на Јанакиески му вели: „Дај му на Кире податоци за цигани, мигани, све живо. Денеска до 3 да завршите работа со исплата со се. Купени се виша пола“.

Во друг разговор, обвинетата Катерина Веловска на Миле Јанакиески му вели дека работи интензивно во кол-центарот: „Вртиме на списоците што ги собираше ти. Само на одговорните вртиме, на никој друг“.

Во следен разговор соговорник го прашува Миле Јанакиески на денот на изборите 5 јуни 2011 година дали почнале да ги читаат од СДСМ на глас во избирачките одбори: „Почнаа ли да ги читаат овие од СДСМ на глас?“ Миле раскажува дека станал рано во 6.50 и бил по избирачките места.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални