Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Од:

Изречена e итна мерка за отстранување од дом на насилник од Скопје поради извршено семејно насилство, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера од страна на Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје е поднесено барање до скопскиот Основен граѓански суд за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б., 68-годишен скопјанец, поради извршено семејно насилство. На 9 март во 22 часот во градот, полициски службеници го уапсија Љ.Б., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, упатуваше закани со остар предмет кон неговиот 35-годишен син, информираа од МВР.

Од страна на Судот, изготвено е решение со кое на Љ.Б., како сторител на семејно насилство, му се изрекува итна мерка за заштита од семејно насилство – отстранување од домот во времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Жена е во животна опасност по напад од сопругот, обвинителството започна истрага

Горан Наумовски

ССМ: Потребни се законски измени за платено отсуство од работа за жртвите на насилство

Сè уште нема барање за итна седница за фемицидите, вели Гаши откако беше прозван дека ги кочи законските измени

САС на МПЦ-ОА: Секој облик на насилство е апсолутно неприфатлив, потребни се заеднички напори за негово спречување

Серија насилства низ Македонија во изминатото деноноќие: Напади врз деца, родители и партнери, полицијата приведе повеќе лица

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство