Во Клиничкиот центар во Скопје синоќа е донесена жена во животозагрозувачка состојба која e претепана од сопругот. Јавното обвинителство денеска соопшти сторителот е обезбеден и се постапува.
– Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи – посочуваат од ЈОРСМ.
Правната квалификација на делото, како што нагласуваат од обвинителството, ќе биде одредена согласно доказите.
