Промената на ДУП-от во Карпош за бензинската на „Пуцко Петрол“ е организиран криминал, смета Антикорупциска

Од:

Антикорупциска комисија (ДКСК) поради сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и овластувања и поткуп во случајот со бензинска станица на Пуцко Петрол во во населбата Карпош, ќе достави иницијатива до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката за носење на детален урбанистички план спротивно на Генералниот урбанистички план на Град Скопје.

До Министерство за локална самоуправа ќе се достави претставка за понатамошно постапување и распуштање на Советот на Општина Карпош. За останатите сознанија на ДКСК кои упатуваат на сомнежи за прикриена инвестициска активност на деловна банка преку комерцијален деловен субјект –трговско друштво, како и сомнежи за неусогласеност со даночната регулатива, ќе
се достават претставки до надлежните државни органи и институции.

– ДКСК побара информации од сите надлежни институции. При анализата на сите докази, ДКСК утврди дека се работи за два идентични ДУП-ови кои не се усогласени со ГУП на Град Скопје.

Пуцко Петрол не успеал да ги добие предвидените документи за изградба на бензинска станица.

Првата фалинка е што по предлог на инвеститорот, односно Пуцко Петрол, оптината врши промена на ДУП. Слабостите во работа на локална самоуправа се кога не се исполнети сите критериуми а се дава можност за градба со цртање на објект во ДУП – истакна од ДКСК.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК