Проект за унапредување на услугите за социјална вклученост на лица со попреченост

Од:

Развиени програми за испорака и мониторирање услуги за професионална рехабилитација и лична асистенција за лица со попреченост, се резултатите на двегодишниот ИПА пилот проект „Унапредување на услугите за социјална вклученост“.

Проектот има за цел да асистира во подобрување на системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на лицата со попреченост и да промовира еднакви можности на пазарот на трудот.

Според експертот за лична асистенција Маријана Јанковиќ, сервисите во општеството се неопходни за поголемо вклучување на лицата со инвалидитет во заедницата.

– Преку ваквите сервиси лицата може и треба да добијат поддршка што ќе им овозможи да бидат независни, да дадат придонес во заедницата и партиципираат на отворениот пазар на труд. Развивме одржлив модел што може да биде применет во Македонија и сега 70 лица со физички инвалидитет добиваат услуга за лична асистенција во рамки на пилот проектот, рече Јанковиќ.

Според експертот за ИТ технологии Зоран Николовски, извршена е надградба на информатичкиот систем „Лирикус“ во Министерството за труд и социјална политика.

– Системот веќе постои седум години во сите 30 центри во Македонија и се појави потреба да се направи надградба од причина што со промена на законската регулатива одредени термини веќе не се соодветни и треба да се ажурираат. Другата причина е дека како се собираат податоци така луѓето откриваат нови можности за надградба на системот за полесно работење и потребно беше да се додадат дополнителни информации кои би користеле во генерирањето извештаи, изјави Николовски.

Во рамки на проектот е спроведено пилотирање на услугите за лична асистенција, со цел да се добие фидбек и сугестии за потенцијални промени и надградби на предложениот модел за лична асистенција, со цел создвање на модел целосно по мерка на конкретните потреби на корисниците во седум градови Кочани, Велес, Охрид, Струмица, Битола,Тетово и Скопје.

На настанот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска додели сертификати на учесниците во обуките во рамките на проектот за професионална рехабилитација и персонална асистенција.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.366.250 евра и главен корисник е Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

A1on

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска