Бизнисменот Орце Камчев е приведен од страна на полицијата, неофицијално дознава „А1он“. Тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Како што дознаваме, приведувањето е поради истрагата која се води за плацовите на Водно, а каде е тој еден од осомничените.
Истрагата ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал, а Камчев се сомничи за перење пари, заедно со експремиерот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и кумот на Груевски, Ристо Новачевски. Обвинителството веќе објави дека Камчев и Мијалков му помагале на Груевски во перењето на пари. Според истрагата, Камчев се јавува како еден од сопствениците на офшор компанија, која пак, е сопственик на спорните парцели.
Парите со кои се купувале плацевите на Водно, припаѓале на партијата ВМРО-ДПМНЕ.