А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Празна продавница-полно срце“ хуманитарна акција за донирање облека

by А1он23/08/2013 - 13:12133
Share0

„Празна продавница – Полно срце“ е мотото под кое денеска во организација на Црвениот крст на град Скопје и на Скопје Сити Мол започна хуманитарна акција за донирање на облека за социјално ранливите семејства.

Добивај вести на вибер

Акцијата која ќе се спроведува до 23 септември, ја поддржа и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој и самиот донираше дел од својата облека за оние на кои им е најпотребно.

– Преку оваа акција „Празна продавница- Полно срце“ се овозможува на директен начин граѓаните да ја изразат својата хуманост. Во исто време на брз, ефикасен и достапен начин им се овозможува да ја донираат својата облека која им е вишок и со тоа да им помогнат на оние кои се наоѓаат во тешка состојба. Од тука би сакал да ги повикам сите да се вклучат во оваа акција и да бидат хумани, истакна министерот Спасов.

Волонтерите на Црвениот крст ќе бидат задолжени да ја примаат донираната облека на штандот поставен во трговскиот центар Скопје Сити Мол. Таа ќе биде наменета за сите загрозени семејства од целата држава.

За претставниците на Црвениот крст на Град Скопје и на Скопје Сити Мол успешноста на оваа акција ќе значи дека заедно постигнуваат позитивни промени во нашето опкружување и даваат позитивен пример и поттик на сите граѓани и на правните субјекти во земјава.

Генералниот секртар на Црвениот крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска се надева дека оваа манифестација ќе стане традиционална и оти ваквиот пример ќе го следат и други организации на Црвениот крст и деловни субјекти. Ова, рече, таа е можност на брз и едноставен начин граѓаните да донираат дел од својата облека и да ја донираат за оние на кои им е најпотребна.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен