Повторно искршен бугарскиот клуб во Охрид, овојпат со употреба на оружје

Од:

Одново е искршен клубот „Цар Борис III“ кои дел од граѓаните го сметаат за бугарска провокација, а се наоѓа во центарот на Охрид. Повторно е причинета материјална штета, односно, искршено е стаклото од влезната врата. Од охридската полиција за „А1он“ го потврдуваат настанот кој се случил околу 19 часот.

„Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението Цар Борис Трети лоцирана на Бул.М.Просветители во ТЦ Амам во Охрид..Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје“, велат од СВР Охрид за „А1он“.

За настанот известен е јавен Обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Претходно, беше искршен излогот на просториите во кои е сместен клубот, но и таблата со името на контроверзниот бугарски цар.

Отворањето на просториите на клубот во Охрид кој носи контроверзно име се случи на почетокот од октомври. Тогаш, со протест и тензии помина свеченоста. „Ова брзо ќе изгори тука” извикуваа присутните. Тие го спореа името „Цар Борис III“ затоа што историски гледано, е дел од фашистичка Бугарија. За овој случај има и предмет во Уставен суд.

Според измените на Законот за здруженија и фондации, бугарските културни центри во земјава имаат рок од три месеци да ги променат имињата на здруженијата. Второто здружение го носи името „Ванчо Михајлов“, исто така контроверзна историска личност, соработник на фашистите, а клубот се наоѓа во Битола и беше запален.

Би можело да ве интересира

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

A1on

Обвинение за „шефот“ на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, ја навредил еврејската заедница во Македонија

Горан Наумовски

МВР го расчисти случајот со претепувањето на копретседателот на бугарскиот клуб во Струга

Љупчо Георгиевски обвинет за ширење омраза: Претседателот на клубот во Битола ги навредил чувствата на Македонците

A1on

Милков: Затворањето на бугарските клубови ја зголемува тензијата, не знам дали Македонија е свесна за тоа

A1on