МВР го расчисти случајот со претепувањето на копретседателот на бугарскиот клуб во Струга

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека МВР го расчистило случајот со нападот на копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“, Бекир Кадриески. Како што рече, полицијата реагирала брзо и ефикасно.

„Во однос на овој настан, важно е тоа што брзо и ефикасно се делуваше. Приведен е напаѓачот на лицето.Земени се изјави од страна на очевидците. Пријавата и изјавата од оштетениот се одвиваше во медицинскиот центар. известен е Јавниот обвинител и по прибирањето на сите докази, ќе бидат поднесени пријавите. Од МВР овој случај е расчистен“, изјави Спасовски.

Од МВР информираа дека целосно го документирале случајот и известени се сите релевантни институции

„На 13.06.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со А.Н.(50) од с.Велешта, струшко, затоа што, како што е пријавено, околу 12.15 часот во близина на спортска сала на улица „Боро Хаџиески“ во Струга го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.(45) од с.Лабуништа, струшко. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветен поднесок.“

Бугарското Министерство за надворешни работи вчера објави дека вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен во Струга со цел „да се расчистат фактите околу случајот и да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза“.

Кадриески, за бугарските медиуми дал изјава дека го нападнало непознато лице и тврди дека добил навреди дека е „валкан Бугарин“.

На почетокот на годинава во Охрид, откако три лица го нападнаа Христијан Пендиков Бугарија со владин авион го однесе на лекување во Софија, а по овој инцидент се заостри реториката меѓу двете земји. Бугарија овој случај го карактеризираше како напад со национална позадина, односно тврдеа дека Пендиков бил претепан само бидејќи се чуствувал како бугарин. Пендиков останува во Бугарија, најави дека таму ќе живее а доби и низа поволности од бугарската влада.

Би можело да ве интересира

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот