Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

Од:

Во Струга викендов ќе се одржи литературно-културна манифестација по повод објавувањето на 21. издание на списанието „Бранувања“, во организација на Здружението за литература и култура „Бран“ и „Македонска поетска ризница“, со учество на поети и автори од земјава и од регионот.

Како што соопштуваат организаторите, на настанот ќе учествуваат поети од Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Црна Гора, кои преку поетски читања и литературни средби ќе испратат пораки за мир, соработка и културно поврзување во регионот.

Во рамки на програмата, поетски читања овие два дена ќе се одржуваат на повеќе локации во Струга, а официјалното отворање е закажано за утре напладне во Конгресната сала на хотелот „Дрим“, со настап на Студиото за танц „Бах“ од Струга.

На манифестацијата ќе бидат врачени и повеќе признанија. За автори на годината ќе бидат прогласени Ана Бунтеска и Дарко Лешоски, а писателот Венко Андоновски ќе го претстави својот „Манифест за нормална држава“.

Наградите за истакнат млад автор на „Поетска ризница“ ќе им бидат доделени на Магдалена Петроска и Евгенија Пешинска, додека за странски автор на годината за особен придонес во културата е избран хрватскиот поет Валерио Орлиќ.

Признанијата за животно дело годинава ќе ги добијат Ристе Миладин за придонес во драмската уметност и Веле Митаноски за придонес во културата, литературата и новинарството.

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он