Покрената истрага за Палевски за да може да биде распишана потерницата, судија одобрил и притвор

Од:

Обвинителството по итна постапка отворило истрага против Љупчо Палевски – Палчо за делата „грабнување“ и „убиство“, за по него да може да биде распишана меѓународната потерница која вечерва беше објавена на веб страницата на МВР. Останатите осомничени пак, се уште се во предистрага.

„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, велат од Обвинителството.

Последните инфомрации на македонските власти се дека Палевски се наоѓал во Србија, од каде заминал во Бугарија, иако бугарските власти велат дека немаат информации дека тој се наоѓа на нивната територија.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага