Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува денеска во 23 часот и 45 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути, Сонцето изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17:44. Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со умерена облачност и умерен северен ветер. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотрајни врнежи од дожд и снег. Температура ќе се движи од три до девет степени.
Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.