Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

– Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени, се наведува во соопштението на УХМР.

За време на викендот, врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска

Променливо облачно и нестабилно, локално невреме со пообилен дожд

Ана Ололовска