ДОМ: Со акција „Селектирам Дома“ го одбележуваме Денот на планетата Земја

Од:

По повод 22 Април, Светскиот ден на планетата Земја, зелената партија ДОМ организира акција за селектирање на отпадот во домаќинствата.

Од партијата ги повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата, да го одвојуваат пластичниот, стаклениот, хартиениот и електронскиот отпад и да го одложуваат во контејнерите наменети за таа цел.

„Со споделување на фотографиите од селектираниот отпад во домовите, на социјалните мрежи со хаштаг #СелектирамДома да придонесеме за подигање на јавната свест за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот.

Правилното управување со отпадот влијае на намалување на загадувањето на воздухот, водите и почвите. Со спроведување на принципите на циркуларната економија за реупотреба и рециклирање придонесуваме за намалено искористување на природните ресурси и развој на зелената економија“, велат од ДОМ.

„Во ова време кога се соочуваме со здравствени и социо-економски закани поради корона пандемијата, грижата за животната средина и климата мора да остане приоритет. Заштитата на животната средина е заштита на нашето здравје. Да ја зачуваме планетата Земја, нашиот единствен дом!“, порачуваат од Партијата.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска