ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Од:

Зелената партија ДОМ најостро реагира на монструозното убиство на младата Росица и нејзиниот татко во Велес.

„Не станува збор за „индивидуална трагедија“, туку за директна последица на институционалниот колапс. Кога полицијата, обвинителството, судството и центрите за социјална работа не постапуваат согласно законските надлежности, тогаш може да се зборува за поддршка која води кон репродукција на насилството.

Случајот покажува дека системот свесно им дозволува на насилниците да не бидат санкционирани сè додека не завршат со фемицид. Со тоа што над 70 пријави за закани и насилство се игнорирани, не може да зборуваме за институционален „пропуст“, туку за институционално злосторство!

Јавно предупредуваме дека граѓаните и граѓанките се соочуваат со систем што ја одржува мизогинијата и ја нормализира културата на мразење на жените. За жал, ако институциите постапуваа, Росица ќе беше жива денес. Бараме итна одговорност, односно разрешувања на сите раководни лица што затаиле во СВР Велес, кривична одговорност за секое службено лице кое свесно игнорирало пријави за закани, како и системски реформи во протоколите за заштита на жртвите на насилство. Македонија мора да покаже дека женските животи се вредни за институциите да се разбудат и реагираат“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он