Протест против двојазничноста пред Собранието на Република Македонија

Од:

Близу 530 луѓе досега се потпишани на петицијата против двојазичноста и против промената на името, на протестот што се случува пред Собранието. Со транспаренти и патриотски песни, се собираат поддржувачи на протесот а сообраќајот на бул 11 октомври не е сопрен.

Организатори на протестот се Македонски обединети сили (МОС), Македонско патриотско здружение „Тврдокорни“ заедно со уште неколку здруженија кои сметаат дека со двојазичноста се губи македонскиот карактер на државата, се губи и самата држава која дефакто станува трета албанска држава на Балканот.

Здруженијата прашуваат која е причината албанскиот да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка, а замеруваат и за тоа што власта која ветуваше дебати за се, сега ја суспендира демократијата туркајќи го законот со европско знаменце.
Организаторите се залагаат за реципроцитет со Албанија и нагласуваат дека Македонците во оваа држава имаат право да зборуваат на мајчин јазик. Здруженија јавно прашаа зошто македонскиот денар да биде напишан на албански, а да не биде и спротивното, албанскиот лек да биде напишан на македонски.

М.И.П

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Единствена Македонија и Тврдокорни потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за изборите на 12 април

Тврдокорни организираат „Движење за враќање на Македонија на Македонците“

Ана Ололовска

„Тврдокорни“ ќе го блокираат скопскиот аеродром

Ана Ололовска

„Тврдокорни“ во вторник ќе протестираат за одбрана на името „Македонија“

Ана Ололовска

МОС и Тврдокорни повикуваат на протест за одбрана на името Македонија на 27 февруари

Наум Локоски