(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Од:

Единствена Македонија на Јанко Бачев, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски, здружението „Тврдокорни“, Унијата на ветерани на ВМРО 1990, ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција и Здружението на македонските друштва од Швајцарија потпишаа договор за коалиција на претстојните парламентарни избори.

„Поради манипулативното и нечесно владеење на политичката гарнитура на власт, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Северна Македонија, како и поради сервилната и обезличена опозиција, предводена од Демократската партија за северномакедонско национално единство, која цело време дејствува и е во функција и интерес на актуелната партија на власт“, вака Кекеновски ја образложи потребата од коалицијата која денеска беше официјално склучена.

Името на коалицијата која денеска официјално беше склучена е „Никогаш Северна, само Македонија“

„Ние се заветуваме, даваме збор дека ќе го поништиме преспанскиот договор, ќе го поништиме Договорот со Бугарија со којшто се бришат Македонците во Пиринска Македонија, ќе го поништиме фалсификуваниот потпис со кој Албанците лажно беа прикажани во 2002 година дека се 25,17 отсто и ќе спроведеме попис што реално ќе ја прикаже бројката на населението во Македонија, ќе ја поништиме двојазичноста“, рече Јанко Бачев.

„Ние во секој Македонец ќе му го разбудиме лавовското и ќе се бориме за оваа земја“, рече Горан Неделковски од „Тврдокорни“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ 341.255 гласови, СДСМ 117.076 гласови од 83% обработени гласачки места

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 33,19%, ДУИ 23,41% , Вреди 19,55%, СДСМ 11,19%, ЗНАМ 3,63%, Левица 5,08%

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата