Тврдокорни организираат „Движење за враќање на Македонија на Македонците“

Од:

Организацијата „Тврдокорни“ најави дека започнува со организирање на движење на граѓански отпор под називот „Движење за враќање на Македонија на Македонците“.

Од организацијата преку соопштенија порачаа дека граѓанското движењето ќе биде против колонијалната потчинетост и враќањето на македонската сувереност.

„Народното незадоволство против узурпаторите на државата е искажано јавно и недвосмиселно и тоа е правно несоборлив факт. Стадиум која заврши со одбивањето на безчесниот ‘референдум за преименување’“, велат од движењето на „Тврдокорни“.

Додаваат дека нивна главна цел ќе биде враќање на македонскиот национален суверенитет.

„Македонскиот народ да биде суверен во градењето на животот во својата земја Македонија со почитување на сите оние права на другите етнички заедници кои не го нарушуваат македонскиот суверенитет“, се наведува во соопштението.

Како правно-политичка цел оттаму посочуваат на создавање на траен Горен Народен (Национален) Дом во кој со мерки за ограничување на партиското влијание национално најзаслужните граѓани избрани на општи избори ќе го контролираат работењето на Долниот партиски дом. Вклучително избор и контрола на работењето на судовите.

Би можело да ве интересира

„Тврдокорни“ ќе го блокираат скопскиот аеродром

Ана Ололовска

„Тврдокорни“ во вторник ќе протестираат за одбрана на името „Македонија“

Ана Ололовска

МОС и Тврдокорни повикуваат на протест за одбрана на името Македонија на 27 февруари

Наум Локоски

(ВИДЕО) Настовски: Се надеваме дека во мир ќе ја завршиме работата, а ако не биде мир, ќе биде војна

Наум Локоски

Протест против двојазничноста пред Собранието на Република Македонија

Наум Локоски

МОС и Тврдокорни денеска ќе протестираат против „двојазичноста и албанизацијата на Македонија“

Наум Локоски