Единствена Македонија и Тврдокорни потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за изборите на 12 април

Од:

Партијата Единствена Македонија и Здружението „Тврдокорни“ потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за парламентарните избори на 12 април.

Општ заклучок кај потписниците на Меморандумот е дека на Македонија не и треба обединување околу лидери и поединци, туку, обединување врз основа на Платформа со јасни определби за одбрана на националните и државните интереси, посоуваат од Единствена Македонија.

Единствена Македонија и Тврдокорни се согласни дека антимакедонските договори со кои се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, мора да се поништат.

Тврдокорни ќе го вложат целиот свој потенцијал и активно ќе работи на терен во предизборната кампања, со цел, да помогне во победата на изборите на Единствена Македонија како единствената автентична национална и патриотска партија, но, Тврдокорни до крај ќе остане на својата аполитичка определба и за таа цел нема да учествува на Листите на кандидати за пратеници.

Единствена Македонија и Тврдокорни остануваат на првата линија во одбрана на македонските национални и државни интереси. Единствена Макеоднија и Тврдокорни се силно убедени дека заедно со народот на 12 април ќе победат во Битката за Република Македонија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска