„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Од:

Партијата Единствена Македонија испрати соопштение до медиумите во кое ја повикува „марионетската влада во Скопје својата неспособност да набави вакцини да не ја претвори во национална трагедија со голем број починати лица преку набавка на сомнителната вакцина „Астра Зенека““.

„Свесни сме дека марионетската влада не може повеќе да го издржи судот на јавноста, која виде немање институционален капацитет на власта да набави вакцини.

Вчерашното пристигнување во Скопје на вакцината „Астра Зенека“ преку т.н. Ковакс механизмот е сомнително од најмалку две причини:

Прво, голем број земји во Европа и светот забранија употреба на вакцината „Астра Зенека“ поради катастрофални последици после нејзиното земање. Второ, т.н Ковид механизам е некој систем на Светската здравстена организација, кој го добива бесплатно шкартот на вакцини за да им го дели на неспособни држави кои самите не може да се управуваат.

Квалитетните вакцини се добиваат или со билатерален договор со државите производители на вакцини или со директен договор со компании кои произведуваат вакцини според нивната профитна логика. Но, власта во Скопје без оглед што сме држава со сопствен буџет, не успеа дури и за пари да купи вакцини на светскиот пазар.

Единствена Македонија го повикува населението добро да размисли дали да се вакцинира со сомнителната вакцина „Астра Зенека“,“ се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска