Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Од:

Владата во Скопје тргнувајќи од бизнис менталитетот во погубното водење на државата, прво што направи по големиот успех на фудбалската репрезентација со пласманот на Европското фудбалско првенство, објави дека доделува награда од по 10.000 евра, велат од партијата Единствена Македонија преку соопштение.

Според партијата на Јанко Бачев, овој голем фудбалски успех не е прашање на пари туку е национална гордост за Македонија и овие средства за фудбалерите не се некоја сатисфакција бидејќи имаат убави годишни плати со играњето во странски клубови.

Затоа, Единствена Македонија ги повикува фудбалските репрезентативци „да не го прифатат ова понижување и доделените владини пари да ги донираат за медицинските лица кои деноноќно и со месеци се борат со тешката здравствена состојба во земјата“, се наведува во соопштението.

На тој начин, според партијата, и фудбалската репрезентатција на конкретен начин ќе покаже дека секогаш е на страната на народот.

„Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Успехот на фудбалската репрезентација е настан со немерливо и историско значење и не треба да биде поматен со било какви непромислени одлуки од владата и од било кого, посебно во ова тешко време со коронавирусот“, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев да не се плаши да одговара на прашања и од вонпарламентарните партии

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Единствена Македонија е колатерална штета на изборите од планот на „ѕверот“

Ана Ололовска

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривични против Дерковски и членовите на ДИК

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Мицкоски е столбот на досегашното и идно опстојување на Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија убаво место за живеење

Ана Ололовска