Единствена Македонија: Заев да не се плаши да одговара на прашања и од вонпарламентарните партии

Од:

Партијата Единствена Македонија ја поздравува, како што вели, агилноста на Зоран Заев да ги прикажува во јавноста состојбите во земјата според свое наоѓање преку исцрпно одговарање на пратенички прашања во Собранието, а синоќа на Македонската телевизија и преку одговарање на прашања од уредници на медиуми во земјата.

Затоа, Единствена Македонија силно го охрабрува Заев сега да определи термин да одговара на прашања и од вонпарламентарните партии.

„Веруваме Заев ќе се согласи дека сето ова е во функција на натамошно усовршување на демократијата дотолку повеќе што и вонпарламентарните партии се активни чинители во политичкиот живот и носат одговорност за состојбите во земјата, заради што е потребно пренесување на барањата и на гласачите на вонпарламентарните партии преку поставување прашања до Заев. Зоран Заев нема зошто да се плаши и вонпарламентарните партии да му поставуваат прашања, се разбира, доколку навистина е определен да работи чесно и искрено во интерес на народот“, велат од Единствена Македонија преку соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бачев: Единствена Македонија е колатерална штета на изборите од планот на „ѕверот“

Ана Ололовска

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривични против Дерковски и членовите на ДИК

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Мицкоски е столбот на досегашното и идно опстојување на Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија убаво место за живеење

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Онака како што избега, така ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исти во предавството, во истите канцеларии во Брисел кај што оди Заев , по него оди Мицкоски

Габриела Димковиќ-Мишевска