„Тврдокорни“ во вторник ќе протестираат за одбрана на името „Македонија“

Од:

Во вторник на 27 февруари, патриотското здружение „Тврдокорни“ и „Македонски Обединети Сили“ на социјалната мржа „Фејсбук“ најавија протест пред Соборниот храм за одбрана на името „Македонија“. Протестот е највено дека ќе почне во 17.30 часот. Поворката ќе се движи кон ЕУ Инфо центарот, а ќе заврши пред Парламентот. Приближно 1000 корисници на „Фесјбук“ кликнале дека ќе одат на протестот.

Во објавата пишува: „Браќа Македонци, чукна светиот час за одбрана на нашата татковина. Промената на името е крај за македонскиот народ! Промената на името е смрт и истребување за нашиот македонски народ! За мал народ како македонскиот, промената на името значи наше исчезнување како народ! Промената на името буквално значи културен холокауст и апокалипса за македонскиот народ“.

Од здруженијата упатија повик до, како што пишува, македонскиот народ, до сите организации, бранители, навивачки групи, членови на сите политички партии кои не се согласуваат со „националното предавство“, да му се придружат на протестот.

Би можело да ве интересира

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска

Пецас: Комисијата за трговските ознаки има и други работи, освен промоција на „македонско од нашата Македонија“

Ана Ололовска

Заев: Меѓународна експертска комисија трајно ќе го реши брендирањето на производите

Ана Ололовска

Муцунски за ТВ „Скај“: Ниту еден граѓанин нема по своја волја или природно да го користи новото име

Ана Ололовска

Зервос: Не ми е лесно да кажам Северна Македонија

Ана Ололовска