Павлевски: Општините се справуваат со вонредната ситуација и со примената на мерките

Од:

Државата досега успешно се справува со оваа вонредна ситуација, се преземаат мерки и препораки и треба сите да бидеме дисциплинирани во нивното спроведување за побрзо да ја „извојуваме“ оваа „војна“ против невидливиот непријател. Општините успешно се справуваат со ситуацијата и дополнителните мерки, изјави заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, кој денеска е во обиколка на поголемите општини во Пелагонискиот регион – Прилеп, Битола и Ресен.

– Денеска сум во посета на општините во Пелагонискиот регион: Прилеп, Битола и Ресен. Со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски направивме увид во сите активности и мерки што ги презема Општината. Досега е подготвена и доста успешно се справува со сите предизвици. Генерално, Општините вршат дезинфекција на јавните површини, установи. Со Црвениот крст се помага на старите лица и на оние на кои помошта им е неопходна во овие моменти. Претежно им се обезбедуваат секојдневните потребни артикли. По потреба Општинските кризни штабови ги преземаат неопходните мерки, изјави Павлески.

Павлески со порака до граѓаните за максимално придржување до мерките за побрзо да се излезе од опасната кризна ситуација.

-Упатувам порака до граѓаните доколку максимално се придржуваме до мерките и преораките на Владата, на Министерството за здравство, на Светската здравствена организација, тогаш што е можно побрзо ќе излеземе од оваа кризна ситуација. Да бидеме дисциплинирани, да ја одржуваме личната хигиена, да се минимизираат контактите, што повеќе да се остане дома за да го заштитиме нашето и здравјето на другите, изјави заменик-министерот за локална самоуправа Павлески.

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен