Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 18:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удри во пешакот Е.К.(42) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило, по добиени насоки од јавен обвинител, 17-годишникот е лишен од слобода, а возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он