Kумановецот Н.М.(61) е тешко повреден во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Куманово, во близина на селото Романовце.
Kaко што информираат од МВР, во него удри автомобил „цитроен“, кој потоа удри и во неговиот „пасат“, запрен покрај патот поради дефект.
Несреќата се случила на вчера околу 10 часот.
„Цитроенот“, според информациите, го управувал 44-годишниот П.Т. од Куманово.
Н.М. се здоби со тешки телесни повреди, а возачот на „цитроенот“ помина со полесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Куманово.
