Жена (24) од Крива Паланка е приведена откако нејзиниот сопруг пријави дека го нападна со остар предмет во семејниот дом.
Како што информираат од МВР, вчера попладне во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода А.И.(24), постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот сопруг.
Жената е приведена во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
