Лицето К.У. (24), против кого е поднесена кривична пријава за загрозување и телесна повреда при семејно насилство, денеска доброволно се предаде во СВР Битола и беше лишено од слобода.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека предавањето било договорено по преземени мерки на полицијата, во координација со неговиот бранител и Основното јавно обвинителство Битола.
К.У. се предал во 12 часот, по што инспектори од криминалистичката полиција започнале службен разговор со него.
Против него на 11 ноември 2026 година била поднесена кривична пријава поради постоење сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното обвинителство.
