Парични казни за кафеаната во случајот „Боемска,“ нема одговорност за Мицкоски

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека „по спроведена претходна постапка и обезбедување на сите релевантни докази, поднело предлог за издавање казнен налог против две физички и едно правно лице за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик“.

Случајот доби многу внимание во јавноста, откако беше објавено дека во ресторанот, спротивно на важечките мерки за заштита од Ковид-19, бил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во друштво на функционери на МВР. Вработени во кафеаната не им дозволуваа на инспекторите на Општина Центар да влезат во објектот, а интервенираше и ЕБР,  по обидот да се избришат снимките од надзорните камери.

Од Јавното обвинителство-Скопје денеска нагласуваат дека „од кривично-правен аспект, затекнатите гости не подлежат на кривична одговорност“.

„Обвинетите, на 3 јуни, во периодот од 13:30 до 18:00 часот, во угостителски објект на улицата „Боемска“, не постапиле согласно прописите и наредбите за спречување на ширењето на заразната болест COVID-19. Првообвинетата, како сопственик и управител-менаџер на обвинетото правно лице, не го организирала процесот на работа на угостителскиот објект согласно Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана. Второобвинетиот – вработен во правното лице, во наведениот период го отворил внатрешниот, затворен дел на угостителскиот објект за работа, каде со храна и пијалоци биле послужувани пет гости. Со овие дејствија обвинетите сториле кривично дело санкционирано во ставот 1 од член 206 од Кривичниот законик, а правното лице – кривично дело предвидено во ставот 2 од истиот член,“ се вели во соопштението од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двете физички лица да изрече парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра, додека за правното лице предложи парична казна во висина од 150.000 денари, додаваат од Јавното обвинителство.

 

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември влез во молови и кафулиња само со две вакцини или прележани до 45 дена

А1он

Нови протоколи за работа за кафетериите и рестораните

Предраг Петровиќ

Заев за непочитување на протоколите на собирите: Нема договори меѓу партиите, ветивме дека ќе ги почитуваме мерките

Кристијан Ландов

13 девојки забавувале гости во ресторан кој работел надвор од дозволеното работно време

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

Музичарите побараа укинување на забраната за настапи во угостителски објекти

Ана Ололовска