А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

ВИДЕО: Драма на Боемска, келнерите не давале инспекцијата да изврши увид во кафеана, внатре бил Мицкоски

by Кристијан Ландов03/06/2020 - 21:0903/06/2020 - 23:186743
Share0

Инспектори на Пазарниот инспекторат биле спречени да извршат надзор во затворениот дел на угостителскиот објект “Винотека” на Боемска улица, по што, два ипол часа останале пред објектот. Додека инсистирале да направат увид, затекнале како политичар излегува од објектот. Ова за “А1он” го потврди инспекторката Мери Продановска, која кажа дека станува збор за лидер на политичка партија.

Следете a1on на Instagram Instagram

“А1он” дознава дека станува збор за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој седел во затворениот дел на угостителскиот објект додека инспекторите не можеле да влезат и да направат увид.

Инспекторката Маја Продановска од Државниот пазарен инспекторат за “А1он” вели дека првпат им се случува да наидат на ваков отпор.

Следете a1on на Youtube YouTube

“На улицата Боемска проверувавме дали и во внатрешноста на кафеаните се врши некоја дејност. Во еден од објектите нашите колеги беа спречени да извршат надзор, да увидат со свои очи дека во објектот не се врши никаква дејност, со објаснување дека објектот не работи и никој нема клуч. Колегите беа упорни и останаа пред објектот. По некое време излегоа од внатре две физички чица, нормално за нас сите се граѓани на оваа држава, но некој препознаа политичар односно претседател на политичка партија. По два ипол часа седење пред објектот, во меѓувреме, излегоа уште две лица кои ние не можевме да ги легитимираме, ниту ги препознаваме. Влеговме во објектот ја утвривме фактичката состојба. Празен беше по два ипол часа. Но има елементи каде се гледа дека се вршело дејност внатре. Кујната беше со храна имаше чинии, корпата беше полна со отпадоци, шишиња”, вели инспекторката Продановска за “А1он”.

Инспекторатот ќе покрене постапка за спречување на инспекциски надзор и вршење на дејност спротивно на протоколите што е кривично дело.

“Порака до сите, граѓани, политичари, претставници на верски заедници. Ситуацијата да се сфати сериозно. Залудно излегуваме на терен ако свеста е на ниско ниво”, додаде инспекторката.

Пред угостителски објект, екипата на “А1он” го забележа Ристо Ставревски, началник на СВР Скопје, поставен од техничкиот министер Наќе Чулев, заедно со полициска екипа.

drzaven inspektorathristijan mickoski

Би можело да ве интересира

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on15/08/2026 - 14:0115/08/2026 - 18:03

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on15/08/2026 - 13:3215/08/2026 - 13:43

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on15/08/2026 - 12:54

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on15/08/2026 - 12:2515/08/2026 - 18:03

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 11:06

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 11:1905/08/2026 - 11:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео